5 едноставни совети за нов изглед на вашето купатило
Реновирање на старото купатило често значи дека треба да одвоите големи средства и макотрпна работа. Но не мора секогаш да биде така. Грос Комерц Скопје ви дава 5 едноставни совети за како најлесно да му дадете нов изглед на вашиот тоалет.
1. Заменете ги малите елементи со поголеми
Не ги менувајте постоечките плочки или фитингот (освен доколку се навистина оштетени) и фокусирајте се на малите детали. Заменете ја старата батерија за умивалник (притоа не заборавајте да земете сет со туш батерија). Батериите на GMS нудат голем избор на различен дизајн и квалитет, почнувајќи од покласичен и традиционален до ултра модерен изглед. Покрај батериите, може да ги замените и старата туш слушалка со нова или пак да додадете целосен модерен туш систем кој го има во нашиот салон во сите димензии и форми кои би се вклопиле во вашето купатило.
Менувањето на стариот тоалетен капак со нов, ќе и даде нов изглед на вашата ВЦ школка и ќе ви заштеди средства кои може да ги искористите за другите елементи од вашето купатило.
2. Искористете дел од старите елементи
Доколку имате рамен умивалник секогаш може да го искористите како елемент во нов мебел за тоалетот, како вграден или надграден на плоча.
3. Елементи со слична боја
Изгледа очигледно, но коордирањето на боите може да му даде сосема нов изглед на вашиот тоалет. Иноксните сетови затоалет се евтини и во различни форми, а крпите за раце и тоалетните теписи ќе ви помогнат во играњето со боите. За да ја погледнете нашата галантерија за купатила одете на санитарија-батерии и акцесоари-галантерија Eformetal.
4. Купете мебел за тоалет
Заменете го стариот умивалник со мебел за тоалет. Не само што е модерен, туку е и многу практичен. Делот под умивалникот може да се искористи за чување на средства кои не сакате да се гледаат и да пречат во тоалетот. Огледалото вообичаено има шкафче со полици, вградено светло и штекер. За да го погледнете нашиот избор на купатилски мебел одете на санитарија-мебел за купатила
5. Декорирајте
Последен и можеби најважен чекор во изгледот на вашето купатило е декорацијата. Додадете слики или постери на слободните ѕидови (постер со стари слики од патување може да изгледа многу добро). Врамените фотографии може да го освежат изгледот доколку се поставени блиску една до друга или одвоени и разиграни во просторот. Цвеќе е одличен детал за секое купатило, дава мирен и домашен изглед. Орхидеите се нежни и би се вклопиле во секој тоалет.
Се надеваме дека нашата статија ви помогна. Лајкувајте и шерувајте на Facebook и ќе продолжиме со објавување на интересни статии и совети.