Како сами да ја поправите арматурата за казанче која постојано тече
Дали сте забележале дека по пуштање на вода во вашата вц школка, водата не престанува да тече? Во овој случај најверојатно имате проблем со арматурата на казанчето, но не очајувајте бидејќи овој проблем се решава многу едноставно.
Грос Комерц Скопје ви дава неколку чекори со кои ќе ја поправите арматурата на вц казанчето.
1. Проверете кој дел не е во ред
Првиот чекор кој треба да го превземете е да проверите што не е во ред со казанчето. Подигнете го капакот на казанчето и погледнете внатре, проверете дали може да го лоцирате проблемот. Пуштете вода додека капакот е подигнат и забележете доколку некој дел на арматурата не функционира. Има неколку работи кои може да се причина за блокираната арматура.
2. Проверете го нивото на вода во казанчето
Наједноставниот начин за поправка на овој проблем е доколку водата во казанчето се прелива во арматурата. Секое казанче има максимално ниво на полнење кое е обележано на арматурата. Доколку нивото е преминато, со цел водата да не прелие преку казанчето, арматурата ја прелива вишокот вода во вашата вц школка. Секоја арматура за вц казанче има свој подесувач на вода во облик на пластично цевче и со вртење лево или десно го регулирате нивото на вода кое се влева во вашето казанче. Намалете го нивото на вода се додека не престане да прелива.
3 . Блокирана арматура на вц казанче
Еден од најчестите проблеми кои се појавуваат поради големо количество на бигор и песок во водата е блокирање на арматурата. За да го решите овој проблем се што треба да направите е рачно да го подигнете пловакот на вашето вц казанче. Доколку на дното забележите песок, или бигор налепен на арматурата би било добро да ја одстраните арматурата и под топла вода да го исплакнете бигорот и песокот. По повторно монтирање на арматурата проблемот би требало да е решен.
4 . Пуштете вода неколку пати по ред
По пробување на сите чекори вратете го капакот на казанчето. Пуштете вода неколку пати па почекајте неколку минути. Проверете дали по полнење на казанчето водата повторно тече во вашата школка. Доколку сеуште тече мора да замените дел од арматурата или цела. Пловакот на вц казанчето или цевчето можеби се скршени или истрошени.
Се надеваме дека нашата статија ви помогна. Лајкувајте и шерувајте на Facebook и ќе продолжиме со објавување на интересни статии и совети.