Kако најлесно да отстраните бигор во вашиот тоалет
Дали вашата светло бела када или туш батерија полека станува валкана? Дали постојано ги чистите без резултати? Најверојатно виновник за постојано валканите елементи е бигорот. Бигор е вода богата со минерали која не е штетна по вашето здравје но во цврста форма е многу тешка за чистење. Детергентите кои ветуваат отрстанување на бигор најчесто содржат киселини кои се штетни за површината која ја чистите. Елементите покриени со бигор не треба да ги менувате со нови, само треба да знаете како најлесно да го одстраните бигорот со неколку природни средства за чистење.
- Започнете со мешање на половина вода и половина оцет во спреј шише.
- Нанесете ја смесата со шприцање на вашата када или чешма и оставете ја да остои неколку минути.
- Поминете со сува крпа по валканата површина.
Наместо оцет, може да употребите и сок од свеж лимон.
Втор начин за отранување на бигорот во вашето купатило е со паста направена од сода биракбона и оцет. Нанесета паста на површината и оставете да седи 15 минути. Потоа поминете со сува крпа и исплакнете со вода по потреба. Важно е веднаш да ја избришете влажната површина за да не дозволите повторно да се појави бигор.
За тешко достапни површини ве советуваме да употребите четка за заби и паста од сода бикарбона и оцет.
Се надеваме дека нашата статија ви помогна. Лајкувајте и шерувајте на Facebook и ќе продолжиме со објавување на интересни статии и совети.